Во училиште во Џорџија девет позитивни ученици и вработени на Ковид-19

Од:

Коронавирусот е откриен кај деветмина ученици и вработени во средно училиште во американската држава Џорџија, кое е во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ходници полни со тинејџери без маски.

– Во овој момент, знаеме дека има шест ученици и тројца вработени кои биле во училиштето барем извесно време минатата недела, и кои пријавиле дека се позитивни на коронавирусот, изјави директорот на училиштето Гејб Кармона, пренесува Си-Ен-Ен.

На Хани Вотерс, ученичката која првично беше суспендирана поради објавување фотографија на Твитер, и е укината казната.

Во округот Атланта, 12 ученици и двајца вработени во десетина училишта се позитивни на вирусот во првата недела од почетокот на училишната година.

Претходно во Џорџија, 250 лица беа ставени во карантин откако коронавирусот беше регистриран кај најмалку 11 ученици и персонал во неколку училишта.

Џорџија е една од 21 држави во САД која кризниот штаб на Белата куќа ја стави во „црвената зона“, што значи дека болеста е распространета и дека мора да се преземат мерки.

Би можело да ве интересира

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ

Исчезна 14-годишна девојка на пат кон училиште во Скопје: Мајката со апел за помош

Орце Костов

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов