Во Туркменистан забранет зборот „коронавирус“

Од:

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници.

Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции.

За граѓаните кои надвор се движат со маски и зборваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени.

Претходно, претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек односно со растението див седеф (Peganum harmala). Тој наредил растението да се користи за дезинфекција на јавните меставо државата. .

Во Туркменистан нема инфицирани луѓе со новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Тајланд ќе мижи пред стварноста, владата забрани вести што кажуваат колку лошо се справува со пандемијата

Жарко Настоски

Њујорчани од денеска добиваат по сто долари ако се вакцинираат

Жарко Настоски

Вакцинирани се над половина од планираните 2,2 милиони граѓани во Албанија

Жарко Настоски

Во Чешка дополнителни два дена годишен одмор за државните службеници кои ќе се вакцинираат против Ковид-19

Ана Ололовска

Бајден наложи строги правила за вакцинација за федералните службеници

Ана Ололовска

Масовно посетен фестивалот Лолапалуза во Чикаго, експертите загрижени поради ширењето на вирусот

Ана Ололовска