Во Токио митинг за враќање на Курилските Острови

Од:

Во Токио денеска се одржа митинг со барања да се врати „северната територија“, како што во Јапонија ги нарекуваат Јужнокурилските острови Кунашир, Итуруп, Шикотан и Хабомаи.

На митингот, што се одржува секоја година на 1 декември од 1945, учествуваа околу 500 луѓе.

Јапонија претендира на островите Кунашир, Итуруп, Шикотан и Хабомаи, повикувајќи се на билатералниот Трактат за трговија и граници од 1855 година.

Москва инсистира на тоа дека тие острови биле во границите на поранешниот Советски Сојуз врз основа на исходот од Втората светска војна и оти рускиот суверенитет над нив не подлежи на преиспитување.

Советски Сојуз и Јапонија во 1956 година потпишаа Заедничка декларација, со кој Москва се согласи по нов мировен договор да ја разгледа можноста за предавање на островите Хабомаи и Шикотан на Јапонија. Додека островите Кунашири Итуруп не беа тема на преговори.

Јапонија и Русија се уште немаат потпишано мировен договор.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски