Во Тексас усвоен закон кој речиси целосно го забранува абортусот

Од:

Во Тексас е донесен закон според кој се забрануваат абортуси по шеста недела бременост, период во кој, во случај на бременост, многу жени не знаат за својата состојба, јави „Ен-Пи-Ар“.

Се очекуваше дека Врховниот суд на САД ќе одговори со блокирање на овој закон, по итниот поднесок од страна на клиниките провајдери на оваа услуга, но тоа не се случи.

Законот, познат и како „Сенатски бил 8“, речиси целосно го забранува абортусот во Тексас. Со ова се најавуваат правни битки за иднината на судска разврска од 1973 година (Ро против Вејд) според која правото на абортусот е уставна обврска.

Поддржувачите на забраната за абортус во САД се нарекуваат „про лајф“ генерација, додека противниците се залагаат за планирано родителство и повикуваат на оставка на гувернерот Грег Абот со повикот „аборт Грег“.

Тексашкиот закон е дотолку контраверзен што не прави никакви исклучоци како на пример за бременост предизвикана од инцест или силување, што е случај во некои сојузни држави раководени од републиканци.

Во својот поднесок провајдерите напишаа дека „законот веднаш и катастрофално ќе го намали пристапот до абортус во Тексас, изоставајќи медицинска грижа за најмалку 85 отсто од овие пациенти (во шест или над шест неделна бременост) и најверојатно ќе натера многу клиники да се затворат“.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

(ВИДЕО) Големиот пожар во Тексас ја зема првата жртва

(ВИДЕО) Огромен конвој камиони оди кон Тексас, Трамп се обидува да го заглави договорот за мигрантите

Катерина Ѓуровски

Тексас го предупреди Бајден: Најголемата грешка што можеш да ја направиш е да се судриш со нашата армија“