Во текот на монсунските дождови во Индија починаа повеќе од 160 лица, неколку десетици заробени под свлечишта

Од:

Спасувачките екипи во Индија копаат низ густа кал и шут за да ги пронајдат 60-те лица што се претпоставува дека се закопани во звлечиште предизвикано од монсунски дождови, во кои за четири дена во ова аогромна земја загинаа 160 лица.

Западните индиски федерални држави Махараштра и Гоа, како и Карнатака и Телангана на југ, се најтешко погодени од обилните дождови што ги поплавија земјоделските полиња на илјадници хектари земја и ги принудија властите да преместат 230.000 луѓе на побезбедни места.

Во Махараштра 149 лица загинаа претежно во свлечиштата на земјиште и други катастрофи поврзани со монсуните, додека 64 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува во соопштението на владата.

-Ние се обидуваме да ги спасиме луѓето заробени под свлечиштата во Раигад и Сатара, но можноста да ги евакуираме живи е мала. Повеќе од три дена тие се заробени под калта, изјави висок позицониран претставник на владата за двете погодени области.

Спасувачките екипи не се во можност брзо да стигнат до погодените села бидејќи надојдените реки и свлечиштата ги прекинаа пристапните патишта, соопштија официјалните лица.

Во Карнатака и Телангана, во поплавите загинаа повеќе од 12 лица, но водата во реките Кришна и Годавари се повлекува, соопштија властите.

-Во Гоа, многу популарна туристичка дестинација на западниот брег на земјата, се оштетени стотици куќи, додека државата ги регистрира најтешките поплави во последните речиси четири децении, изјави сојузниот премиер Прамод Савант.

На западниот брег има слаби дождови и ова ќе биде корисно во спасувачките операции, изјави висок научник од индискиот метеоролошки оддел од градот Пуне.

-И оваа недела на западот од земјата ќе има врнежи од дожд, но интензитетот ќе се намали во споредба со минатата недела, рече тој.

Минатата недела, на делови од западниот брег на Индија паднаа 594 милиметри дожд за 24 часа, принудувајќи ги властите да ги евакуираат луѓето од загрозените области бидејќи протече водата од браните, што се закануваа да ја поплават областа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Апокалипса во САД, поплавите однесоа речиси 50 жртви

Истражување: Околу 40 отсто Индијци живеат девет години помалку поради загадување на воздухот

Ана Ололовска

Во поплавите во Турција досега настрадаа најмалку 27 лица

А1он

Индија го затвори и последниот конзулат во Авганистан и ги евакуираше своите граѓани

А1он

ОН: Во Јужен Судан 90.000 луѓе погодени од поплави

Во несреќа на автопат во Индија прегазени 18 работници

Ана Ололовска