Во Техеран е убиен полковник на Револуционерната гарда

Од:

Во Техеран, главниот град на Иран, убиен е полковник на иранската револуционерна гарда.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека полковникот Хасан Саџад Ходајари бил нападнат во близина на неговата куќа во Техеран додека излегувал од автомобилот. Кон него биле испукани пет куршуми, од кои три го погодиле во главата.

Напаѓачите биле на мотор, а по атентатот побегнале.

ИРНА објави дека Ходајари бил „бранител на светилиштето“, термин што се користи за членовите на гардата кои дејствуваат во Сирија и Ирак.

Ниту една организација досега не ја презеде одговорноста за убиството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел