Во свлечиштето во Италија загинаа две деца и бебе

Од:

Се зголемува бројот на жртви од свлечиштето што се активираше на јужниот италијански остров Искија, по обилните врнежи од дожд.

Според последните информации, загинале најмалку седум лица, меѓу кои тринеделно бебе, брат (5) и сестра (11). Свлечиштето го опустоши малото гратче Казамичола, соопшти канцеларијата на префектот на Неапол.

Властите во Неапол вчера потврдија дека пет лица сѐ уште се водат како исчезнати и додадоа дека постои страв дека се затрупани под урнатата земја.

Покрај загинатите и исчезнатите, повредени се четири лица, а повеќе од 160 се раселени.

Италијанската влада прогласи вонредна состојба на островот Искија на вонредна седница одржана во неделата и издвои два милиони евра за спасувачките служби и обновувањето на јавните услуги, пренесе АП.

Многу силен дожд предизвика огромно лизгање на земјиштето со наслаги од кал и свлечишта во саботата пред зори, кое се спушти по падината на котата кон пристаништето Казамичола, уривајќи се и носејќи цели згради и возила во морето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим