Во свлечиште загинаа 16 лица, повеќе од 17 се водат за исчезнати

Од:

Шеснаесет лиза загинаа, а 17 се водат за исчезнати во свлечиште што денеска погоди камп во Малезија.

Во кампот во Батанг Кали, што се наоѓа на околу 50 километри северно од главниот град Куала Лумпур, во моментот на несреќата имало 94 Малезијци, изјави началникот на окружната полиција Суфијан Абдула.

Одронот земја паднал од височина од околу 30 метри и зафатил површина од околу 1,2 хектари.

Абдула кажа дека бројот на загинати се зголемил од првичните осум на 16, и дека меѓу настраданите има и петгодишно момче. Седум лица се пренесени во болница со повреди, а се трага по 17 лица кои се водат за исчезнати. Спасени се 53 лица кои не се повредени.

Во спасувањето учествуваат повеќе од 400 луѓе со кучиња трагачи.

Полицијата на местото на несреќата пристигнала половина час по повикот за помош, нешто пред 3 часот утринава.

Некои семејства со мали деца, кои беа спасени, се засолниле во блиската полициска станица. Преживеаните тврдат дека слушнале силен звук, како гром, пред да се урне земјата.

Кампот се наоѓа на фарма за производство на органска храна, недалеку од популарна туристичка дестинација со забавни паркови и казино.

Би можело да ве интересира

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски

Кремљ: Не бевме вклучени во соборувањето на MH17 во источна Украина во 2014 година

Ана Ололовска

Москва не ги дава осудените нејзини државјани кои се виновни за соборувањето на малезискиот авион

Горан Наумовски

Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина

Горан Наумовски

Сопругата на поранешниот премиер на Малезија прогласена за виновна за корупција

А1он

Поранешниот премиер на Малезија во затвор поради проневера на милијарди долари