Во светот расте конзумирањето алкохол

Од:

Светот потрошил 10 отсто повеќе алкохол во 2017 година отколку во 1990 година, пред се поради ширењето на таа лоша навика во Кина и Индија, велат научниците.

Според актуелните трендови, глобалната потрошувачка на алкохол ќе се зголеми за уште 17 отсто во следната деценија, објавено е во списанието Лансет.

„Светот не е на патот кон исполнување на глобалната цел и намалување на штетната употреба на алкохол”, нагласуваат авторите на студијата, повикувајќи на поагресивни контрамерки како што се повисоки даноци и забрана на рекламирање.

Целта на Светската здравствена организација е да се намали штетната употреба на алкохолот за 10 проценти до 2025 година.

Алкохолот е поврзан со двесте заболувања и е одговорен за три милиони смртни случаи годишно, од кои 75 проценти се мажи.

На глобално ниво, околу 237 милиони мажи и 46 милиони жени страдаат од нарушувања поврзани со алкохол. Највисоката стапка е во Европа и Северна Америка за двата пола.

Алкохолот е се уште најмногу се пие во Европа и Северна Америка. Во Франција, на пример, мажите пијат 19 литри алкохол годишно, а жените само шест.

Во САД, бројките се малку пониски, 15 литри за мажи и 4,5 за жени. Во Кина, мажите пијат 11 литри алкохол годишно, а жените три. Ова е помалку отколку во САД, но проблемот е што за Кинезите тоа е зголемување од 70 проценти во споредба со 1990 година.

Индијците се уште не пијат премногу, во просек шест литри алкохол по човек, но ова е двојно повисоко отколку во 1990 година, при што експертите предвидуваат зголемување од 50 проценти во текот на следната деценија.

По региони, најмалата е потрошувачката во Северна Африка и Блискиот Исток, обично помалку од еден литар по возрасно лице годишно.

Таа е најголема во Централна и Источна Европа, каде што во просек има неколку земји со повеќе од 12 литри.

Првото место е за Молдавија со 15 литри алкохол, по што следуваат Русите, Французите и Португалците.

Најмногу се пие жесток алкохол – 45 проценти, пиво 15 проценти и 12 проценти вино.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски