Во Суетцкиот канал нема веќе турканици, поминаа сите бродови

Од:

Сите бродови кои со денови чекаа да биде повлечен заринканиот гигантски брод со контејнери „Евер Гивен“ во Суетцкиот каналот денеска поминаа низ него, соопшти управата на каналот.

Последните 61 брод, од 422 брода што беа блокирани во линија, кога бродот во понеделникот беше одвлечен, денеска минаа низ оваа витална трговска и сообраќајна артерија, соопшти Управата на каналот Суец (СЦА).

Меѓународните снабдувачки вериги се во хаотична ситуација откако 400-метарскиот „Евер Гивен“ на 23 март заринка и се попречи во каналот, а на специјалните спасувачки екипи им требаше речиси една недела да го ослободат.

СЦА соопшти дека 85 брода денеска требаше да минат низ каналот, вклучувајќи ги и 24-те бродови што пристигнаа откако „Евер Гивен“ беше повлечен.

-Во средата управата на каналот отвори истрага за утврдување на причините кои доведоа до тоа бродот да се насука во каналот и да го блокира водниот пат цели шест дена, изјави синоќа претседателот на приватната телевизија МБЦ, Маср Осама Раби.

-Истрагата се одвива добро и ќе трае уште два дена, а потоа ќе ги објавиме резултатите, додаде Раби.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски