Во судири со израелски војници на Западниот Брег повредени 30 Палестинци

Од:

Триесет Палестинци се повредени при судири со израелски војници во местото Тамун на Западниот Брег за време на вчерашната акција за апсење на активист на „Исламски џихад“, спроведена од припадници на израелските специјални единици, преоблечени како Арапи кои тргуваат со зеленчук.

Откако биле разоткриени, група Палестинци почнале да фрлаат камења кон нив, а тие возвратиле со гумени куршуми и солзавец, од што настрадале 30 лица. Тројца Израелци биле повредени од камења.

Израелската армија досега нема потврдено за било какви судири, но соопшти дека вчера во Тамун бил уапсен Мухад Бени Уда – „терорист, поврзан со групата Исламски џихад“.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он