Во Средоземно Море спасени 110 мигранти

Од:

Хуманитарните организации Лекари без граници (МСФ) и СОС Медитеран спасија 110 мигранти во близина на либискиот брег.

Екипажот на СОС Медитеран прими 37 луѓе на нивниот спасувачки брод „Океан викинг“ и пријави неколку случаи на хемиски изгореници на кожата предизвикани од мешавина на бензин и солена вода кај мигрантите. Подоцна тимот на Лекари без граници спаси 73 луѓе, грижејќи се за нив на бродот „Гео Баренц“.

Италија им дозволи на двата брода да впловат во пристаништето Анкона на Јадранското Море и им дозволи на мигрантите да ги напуштат бродовите. Според СОС Медитеран патувањето до Анкона ќе трае околу четири дена.

Политиката на новата италијанска десничарска Влада е да назначи пристаниште каде ќе можат да впловат бродовите кои спасуваат мигранти од Средоземно Море. Претходно, спасувачките бродови чекаа по неколку дена на море чекајќи да одобрение за пристаниште.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он