Во сообраќајна несреќа во Непал загинаа 14 аџии

Од:

Најмалку 14 лица погинаа, а уште 18 други се повредени во сообраќајна несреќа кога автобус што превезувал хиндуски аџии слетал од патот во Непал, соопшти полицијата.

Аџиите се враќале од посетата на познатиот храм Калинчок Бугвати, на околу 80 километри источно од главниот град Катманду.

Спадувачите успеале да ги извлечат повредените патници од автобусот и да ги префрлат во блиската болница, јавија американските медиуми.

Полицијата ги истражува причините за несреќата, иако верува дека лизгавиот коловоз и густата магла се најверојатната причина возилото да слета од патот. Исто така, не се исклучува ниту можноста од дефект на возилото, како и веројатноста возачот да не го познавал добро тој планински пат.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Приведен криумчар на мигранти: Возел мигранти од Непал

А1он

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Непал, најмалку 128 мртви: Се тресеше се до Њу Делхи

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди Непал

Силен земјотрес во Непал