Во Словенија од денеска во болниците се примаат само пациенти со Ковид-19 и итни случаи

Од:

Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за пациенти заболени од Ковид-19 и итните случаи. Тоа беше пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство Томаж Гантар.

Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници започнаа да ја применуваат оваа мерка пред неколку дена, со указот се пропишува нов режим на работа за сите здравствени установи во Словенија, јави СТА.

Пациентите на онкологија, бремени жени, неонатологија и вакцинации не се опфатени со новата мерка на словенечкото Министерство за здравство, како и итни интервенции опасни по живот на пациенти.

Од денеска во болниците ќе се вршат само најитните, неодложни хируршки интервенции, а Министерството ќе проценува на 14 дена дали тие мерки мора да останат во сила или не.

Во последните 24 часа, според официјалната статистика, во Словенија се регистрирани речиси 2.000 нови заболени од Ковид-19, 449 хоспитализирани и 63 на интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он