Во Словенија историски најниско ниво на индексот на перцепција на корупцијата

Од:

Во Словенија минатата година повторно се намали индексот на перцепција на корупцијата и достигна историски ниско ниво, соопшти невладината меѓународна организација „Транспаренси интернешнeл“.

Како што пренесува словенечката агенција СТА, Словенија лани падна за еден поен и со 56 поени се изедначи со Италија, Грузија и Чешка.

„Наодите од овогодинешниот индекс на перцепција на корупцијата се многу загрижувачки, а „Транспаренси Интернешнл Словенија“ верува дека трендот ќе продолжи се додека носителите на одлуки не продолжат да спроведуваат нулта толеранција за корупцијата“, предупреди претседателката на словенечкиот огранок на „Транспаренси Интернешнел“, Нежа Грасели.

Таа истакна дека „секој поединец може да придонесе со својот дел за поголем интегритет во општеството барајќи нулта толеранција од носителите на одлуки“.

Веќе во 2021 година Словенија доживеа значителен пад во рангирањето на земјите во однос на перцепцијата на корупцијата, но пред тоа стагнираше неколку години.

Кај словенечките соседи најлошо е оценета Унгарија, која од 2012 год ина загуби 13 бода, а овојпат со 42 се најде на 77. место.

Нешто подобро рангирани се соседните Хрватска (50 бодови, 57. место) и Италија (56 бодови, 41. место). Значително подобар пласман оствари Австрија, која е на 22. место со скор 71, но во последната година падна за три поени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во фирма за пиротехника во Словенија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Автобус излета од автопат во Словенија, тројца загинати, неколкумина повредени

Ана Ололовска

Како „паднаа“ руските шпиони во Словенија: Изнајмиле канцеларија, лажеле дека се занимаваат со антиквитети

А1он

Во Словенија уапсени двајца руски шпиони

А1он

Во Љубљана уапсени двајца руски шпиони

Снег целосно ја парализира Словенија: Над 160 дрвја паднаа на патиштата, делови од земјата без струја

А1он