Во Словенија 1.113 новозаразени, се зголемува бројот на пациенти во болниците

Од:

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени нови 1.113 случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна 24.063, од кои 15.230 се активни.

Бројот на пациенти продолжува да се зголемува во болниците, каде престојуваат 523 пациенти, од кои 82 се на интензивна нега, а бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 248.

– Ако е можно, останете дома, само така можеме да ја свртиме епидемиолошката крива кон надолу. Ситуацијата е тешка и се менува од час во час, рече на прес-конференција Јелко Кацин, портпарол на Владата за Ковид-19, додавајќи дека Владата разгледува итни мерки за зголемување на капацитетот на болниците.

Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи „Владата веќе нема простор за маневар“ за нови построги мерки.

Министерот за здравство Томаж Гантар синоќа издаде уредба со која за 14 дена се суспендираат сите здравствени услуги кои не се итни, вклучително и превентивни здравствени програми, со цел да им се даде приоритет на пациентите со Ковид. Тој најави дека во иднина приватниот здравствен сектор со концесија, лекари-специјализанти и специјалисти ќе можат да се приклучат на работата во болниците.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он