Во словенечкиот Парламент ќе се гласа недоверба на Фајон

Од:

Пратениците во Парламентот на Словенија денеска, на барање на опозицијата, ќе гласаат доверба на министерката за надворешни работи Тања Фајон.

Тоа е прв обид за изгласување недоверба од формирањето на актуелната Влада. Владејачката коалиција во Парламентот има јасно мнозинство, па можноста за гласање недоверба е сведена на минимум, јави Словенечката новинска агенција (СТА).

Опозицијата ја обвинува Фајон дека ја злоупотребила положбата и ја искористила дипломатско-конзуларната мрежа за поддршка на претседателската кандидатка Наташа Пирц Мусар.

На 13 ноември, во вториот круг од претседателските избори, граѓаните на Словенија ќе одлучат, кој ќе ја води земјата во следните четири години.

Противник на Наташа Пирц Мусар, која е блиска до социјалдемократите на Тања Фајон, ќе биде Анже Логар од опозициската Словенечка демократска партија (СДС).

Фајон, која е обвинета дека го заобиколила претседателот во заминување Борут Пахор при отповикувањето на словенечкиот амбасадор во САД, ги отфрли обвинувањата како неосновани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он