Во Сирија убиен полковник на Исламската револуционерна гарда

Од:

Полковник на Исламската револуционерна гарда загина во Сирија, откако експлодираше бомба постравена покрај пат за што Иран го обвинува Израел.

Во соопштението на одделот за односи со јавност на Корпусот на исламската револуционерна гарда, елитните воени сили информираат дека израелски агенти стојат зад експлозијата покрај патот, што доведе до „маченичка смрт“ на полковникот Давуд Џафари, припадник на Воздухопловната дивизија.

Во соопштението се додава и дека „злосторничкиот и лажен“ ционистички режим дефинитивно ќе добие одговор за ова убиство.

Иран му дава воена советодавна помош на Дамаск на барање на сириската Влада во борба против терористички групи, поддржани од некои западни земји, што дејствуваат против сирискиот претседател Башар ал Асада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети