ОН: Во Сирија се врши сексуално насилство врз жени и мажи

Од:

Припадници на силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад и на бунтовничките групи сексуално злоставуваат жени и мажи, со што вршат воени злосторства и злосторства против човештвото, се наведува во најновиот извештај на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за Сирија.

Во документот се тврди дека припадници на сириската Армија и на провладините милитантни групи силувале жени, девојки, мажи и момчиња како казна за нивните врски со бунтовниците.

– Владините сили и нивните сојузници, односно некои милитантни групи, за време на операции на теренот и претресите на куќи силувале жени, девојки, а во некои случаи и мажи. Приведените жени и девојки биле изложени на насилни и понижувачки постапки, а биле и силувани. Неретко е забележано и масовно силување. Мажите главно биле изложени на силување со одреден предмети или им биле нанесуван повреди на гениталиите, се наведува во извештајот.

Силување од страна на припадници на владините сили биле регистирани во градовите Алепо, Дара, Хомс, Хама, Хараста, Тартус, Латакија и Дамаск, како и во воениот затвор Саиднаја и на воениот аеродорм Мезех.

Припадници на владините сили го користеле силувањето како метод за извлекување признанија во текот на сослушувањето на приведените мажи и жени, се тврди во извештајот,

Од друга страна и припадници на бунтовничката група Сириски демократски сили во 2017 година ги мачеле заробените противнички борци со тоа што им ги палеле половите органи, стои во документот.

Комисијата наведува и дека жените и девојките кои се наоѓат во кампови под контрола на Сириските демократски сили одбивале да се тушираат затоа што се плашеле дека може да бидат силувани.

Наводите во извештајот се обебедени врз основа на 454 разговори со жртви на сексуално насилство, членови на нивните семејства, сведоци, бегалци, адвокати и лекари.

Во извештајот се додава дека сексуалното насилство врз жени, девојки, мажи и момчиња е проблем кој е присутен уште од самиот почеток на конфликтот во Сирија во 2011 година.

Според Комисијата, најмладата регистрирана жртва на сексуално насилство во Сирија било едно деветгодишно девојче, а меѓу силуваните има и 11-годишни момчиња.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение