Во Сиднеј воведено задолжително носење маски во трговските центри и јавниот превоз

Од:

Носењето заштитни маски во некои околности стана задолжително во Сиднеј, најголемиот град во Австралија.

На жителите на Сиднеј им се заканува парична казна од 154 американски долари доколку не носат маски во трговските центри, јавниот превоз и во некои затворени објекти.

Главниот советник за здравство на владата на Нов Јужен Велс, Кери Шант, не можеше да одговори колку време ќе трае новата мерка. Властите во оваа држава денеска соопштија дека првпат од 15 декември не е регистриран ниту еден заразен со коронавирус во изминатите 24 часа.

Огништето, кое се појави во Сиднеј минатиот месец, се прошири и во Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, каде носењето маски е задолжително од јули досега.

Главниот владин советник за здравство, Пол Кели, изјави дека во изминатите 24 часа биле откриени три нови случаи во Мелбурн. Со тоа бројот на заразени во земјата достигна 28.504 од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча