Во Шведска во јули остар пад на бројот на нови случаи, епидемиолозите изненадени

Од:

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот.

– Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“.

Тој додаде дека падот на бројот на новозаразените изгледа дека не е поврзан со празниците или некоја мерка преземена од здравствените власти.

– Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуните луѓе кај населението има врска со тоа, но навистина не знаеме точно, рече Тегнел.

Тој смета дека намалувањето на бројот на случаи на коронавирус во јули во Шведска покажало дека нивната стратегија, според која повеќето од строгите мерки воведени од повеќето земји беа избегнати, на некој начин успеала.

– Бројките во Шведска покажуваат дека може да има брз пад на бројот на случаи без затворање, додаде шведскиот епидемиолог.

Тегнел призна дека бројот на нови случаи на коронавирус е зголемен малку во текот на изминатата недела, особено кај младите.

– Но, се чини дека можеме да се справиме со тоа, рече Тегнел.

Тој истакна дека една од работите што сега се знае за коронавирусот е дека станува збор за многу непредвидлива болест.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност