Во Шпанија уапсен американскиот милионер Џон Мекафи, чека екстрадиција во САД

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека го уапсила Џон Мекафи, сопственик на компанијата „McAfee“ која се занимава со безбедносна заштита на оперативните системи, а по кого трага САД поради затајување данок. Шпанската полиција го уапсила 75-годишниот Американец во саботата на аеродромот во Барселона, додека се подготвувал да отпатува за Истанбул.

Тој моментално е во притвор во близина на Барселона и чека екстрадиција во САД.

Најавата за неговото апсење дојде еден ден откако Канцеларијата на американското правобранителство објави дека против Мекафи е поднесено обвинение за непријавување приходи од милиони долари од промоција на криптовалути, консултантски услуги, конференции и права што ги продал за да сними документарец за неговиот живот.

Според обвинението, кое датира од јуни, но штотуку е објавено, Мекафи не плаќал данок помеѓу 2014 и 2018 година и неговиот приход бил уплатен на банкарски сметки и во криптовалута на имиња на други за да избегне плаќање данок.

Бизнисменот криел и имот, особено недвижен имот, јахта и автомобил што ги купил на туѓи имиња.

Американските власти издадоа налог за апсење преку Интерпол и побараа негова екстрадиција, соопшти шпанската полиција.

Откако се збогати со истоимена антивирусна програма во текот на 80-тите години на минатиот век, Џон Мекафи стана гуру за криптовалута благодарение за која рече дека заработува 2.000 долари на ден. На Твитер има околу милион следачи.

Тој одеднаш се најде на насловните страници во 2012 година кога мистериозно беше убиен неговиот сосед во Белизе, а тоа злосторство не е решено до денес.

Потоа, полицијата открила дека живее со 17-годишно девојче и дека има неколку парчиња оружје во куќата. Потоа исчезна во непознат правец и беше еден месец недостапен за медиумите.

Тој беше уапсен во 2015 година во САД за возење под дејство на дрога и оттогаш повторно не се знае точно што му се случило. Во јануари 2019 година, екцентричниот милионер ја напушти земјата.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја