Во Шпанија разбиена мрежа за трговија со луѓе

Од:

Шпанската полиција разби мрежа за трговија со луѓе, при што уапси 11 лица осомничени дека организирале превоз на илегални мигранти преку Средоземното Море.

Полицијата соопшти дека уапсените организирале превоз на мигранти од Мароко до бреговите на Шпанија, со мали чамци што не се наменети за пловење по отворено море.

Според полицијата, за „превозот“ мигрантите на криумчарите им плаќале по меѓу 3.500 и 6.500 евра. По пристигнувањето во Шпанија, мигрантите биле префрлани во т.н. сигурни куќи, каде биле присилно држени се додека не платат по уште 1.000 евра за нивно ослободување.

Пред ослободувањето криумчарите ги снабдувале мигрантите со облека, мобилни телефони и автобуски билети до некоја дестинација во Шпанија или друга европска држава.

По затворањето на италијанските пристаништа за прием на илегални мигранти од Африка во текот на минатото лето, Шпанија прерасна во главна влезна точка во Европа за мигрантите од африканскиот континент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ