Во Шпанија повеќе од 100.000 заразени и 9.000 починати

Од:

Шпанија денеска надмина нова психолошка граница од 9.000 починати и повеќе од 100.000 зразени, два месеци откако се појави вирусот во земјата, а веќе петти ден по ред починуваат повеќе од 800 лица.

Шпанија стана втора земја по број на жртви после Италија.

На главниот плоштад во Мадрид Пуерта дел Сол знамињата се спуштени на половина копје, а секој ден на пладне се одржува минута молк во спомен на сите починати, иако местото со денови е пусто. Мадрид е жариште на коронавирусот, а во неговото градско собрание исто така се одржува едноминутно молчење.

– Во спомен на сите жртви на овој проклет вирус, напиша градоначалникот на Мадрид Хозе Луис Мартинез Алмеида на Твитер.

Во Шпанија денеска починаа нови 864 пациенти, па нивниот вкупен број достигна 9.053, соопшти Министерството за здравство. Во исто време, брoјот на болни се искачи на 102.136.

– Растот на бројот на пациенти ќе паѓа во наредните денови благодарение на воведените мерки, рече шефот на лекарската служба Фернандо Симон преку Скајп.

– Сега битката е во болниците да се обезбеди нега на сите на кои им треба, додаде тој.

Симон, кој секојдневно ја информира јавноста за состојбата, е дома уште од неделата, откако му беше дијагностициран коронавирус.

Од 15 март бројот на пациенти се зголемувал со стапка од околу 20 проценти, а по 25 март со стапка од 12 проценти. Денеска се разболеле 8,2 проценти повеќе луѓе од вчера. Симон вели дека ова покажува дека воведената карантин дава резултати.

Околу 47 милиони луѓе веќе три недели се затворени во своите домови за да се запре ширењето на вирусот

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски