Во САД во последните 24 часа умреле 4.336 лица, убедливо најмногу од почетокот на пандемијата

Од:

Во изминатите 24 часа во САД се регистрирани 4.336 смртни случаи од коронавирус, што е најголем дневен биланс на смртни случаи откако лани беше прогласена пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 сега изнесува 380.524, од 22,7 милиони потврдени инфекции со коронавирус во САД, јавуваат британските медиуми.

САД се наоѓаат убеделиво на првото место во светот според бројот на потврдени случаи на Ковид-19, а според проекциите на Институтот за здравствена еиденција и прогноза на Универзитетот во Вашингтон, до крајот на јануари се очекуваат нови 108.000 смртни случаи од инфекцијата, а до 1 април вкупно 567 000.

Американскиот секретар за здравство, Алекс Азар, денеска изјави дека е достигната бројката од 700.000 вакцинации дневно и дека се очекува во следните седум до 10 дена во земјата дневно да се вакцинираат до милион Американци.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат