Во САД вакцинирани повеќе од 28 милиони лица

Од:

Над 28 милиони американски граѓани кои досега биле целосно вакцинирани против коронавирусот чекаат упатства од федералните здравствени служби за тоа што треба да прават, а што не им е дозволено по имунизацијата, јавуваат американските медиуми.

Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести, Розел Валенски, вчера потврди дека на ваквите упатства за граѓаните на големо се работи, но натамошните одложувања ја зголемуваат неизвесноста кај населението уморно од борбата против вирусот во врска со можноста за запирање на пандемијата.

Луѓето кои биле целосно вакцинирани против Ковид-19 сакаат од американските здравствени работници што поскоро да добијат упатства што би им одговориле на многу прашања во врска со нивниот натамошен живот по имунизацијата, како на пример дали се уште треба да носат маски или дали конечно можат да си ги видат внуците, да посетуваат на ресторани и слично.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност