Во САД уапсена сопругата на Ел Чапо заради трговија со дрога

Од:

Сопругата на Хоакин Гузман Лоер -Ел Чапо, водачот на мексиканскиот нарко-картел од Синалоа, е уапсена синоќа во американската сојузна држава Вирџинија под обвинение за трговија со дрога, соопшти американското Министерство за правда.

Ема Коронел Аиспуро (31), која има двојно и американско и мексиканско државјанство, е уапсена на меѓународниот аеродром Далес и денеска треба да биде изведена пред Федералниот суд во областа Колумбија, но целата постапка ќе се спроведе преку видео врска.

Аиспуро е обвинета за учество во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана во САД, а наводно на 11 јули 2015 се здружила со уште неколку лица за да му помогне на Ел Чапо да избега од затворот Алтиплано, во Мексико.

Таа веќе била уапсена во Мексико, во јануари 2016 година, под сомнение дека планира да му помогне на нејзиниот сопруг повторно да избега, пред да биде испорачана во САД во 2017 година.

Ел Чапо издржува затворска казна во САД, откако судот во источниот округ на Њујорк го осуди на доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Ел Чапо ќе остане во притвор, американските обвинители велат дека му помагала

Жарко Настоски

Мануел Лопез Обрадор: Ел Чапо имал власт колку и мексиканскиот претседател

Ана Ололовска

Вооружен судир во Мексико по апсењето на синот на Ел Чапо

Ана Ололовска

Ел Чапо е само мит, а господарите на кокаинот продолжуваат недопрени

Ана Ололовска

Мексиканскиот наркобос „Ел Чапо“ осуден на доживотен затвор

Владата на САД сака да заплени околу 12 милијарди долари имот на Ел Чапо

Ана Ололовска