Во САД протести на Денот на независноста против електронското следење на американското разузнавање

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го одбележа Денот на независноста на САД – 4 јули со своето семејство и со претставници на воените власти, кои беа поканети во Белата куќа.

– Тоа што нашата земја ја прави голема не се само нејзината територија или благосостојбата, туку вредностите и идеалите, како и фактот дека сме подготвени да се бориме за нив, изјави Обама во кусото обраќање пред гостите во Белата куќа.

Во традиционалното неделно обраќање до Американците, кое оваа недела наместо во сабота, се одржа вчера поради националниот празник Обама истакна дека САД се „глобален заштитник на мирот и слободата, зрак на надежта за луѓето од целиот свет, кои ги споделуваат истите идеали“.

За семејството Обама, 4. Јули бил двоен празник, имено поголемата ќерка на Барак и Мишел Обама, Малија наполни 15 години.

sadprotest4juli (1)

Претседателот и првата дама во Белата куќа примија над 1.200 претставници на воените власти и нивните семејства. Во таа чест за гостите во јужната градина на Белата куќа беше организиран пикник со скара. За музиката беше задолжен оркестарот на Корпусот на маринците на САД.

По повод 237 роденден на САД беа организирани годишна парада и концерт во зградата на Конгресот.

Празникот беше одбележан и со протести против програмите за електронско следење, спроведувани од американското разузнавање, кои беа откриени од поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден.

Во повеќе градови во САД беа организираи демонстранции насловени како „Обновете го Четвртиот!“, имајќи го предвид Четвртиот амандман од Уставот, со кој граѓаните се заштитуваат од незаконски претрес и одземање на документи и лични предмети.

sadprotest4juli (2)

Во Вашингтон и Њујорк се собраа околу 400 демонстранти, а организаторите очекуваа околу десет илјади учесници во протестите.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски