Во САД приведени двајца свештеници кои ги повикувале верниците во црква

Од:

На Флорида и во Лузијана, држави кои во САД се меѓу петте најзагрозени, приведени се двајца свештеници кои и покрај мерките против коронавирус, ги повикувале верниците во црква и ги собирале во голем број.

Дел од свештениците, во обид да ги почитуваат владините директиви за забрана на собирање, црковни служби одржуваат на паркинзи, на импровизирани сцени, а еден свештеник на Флорида од хеликоптер ги благослови верниците кои се молеа на плажа.

Друг свештеник од Флорида, ги исповеда верниците седнат на пластично столче на паркинг, додека тие му приоѓаат со автомобили.

Но, приведените свештеници Родни Хавард Браун и Тони Спел одбиле да ги почитуваат мерките и наместо тоа ги повикуваа верниците во црква.

Повеќето цркви, џамии, синагоги и храмови во САД привремено се затворени согласно уредбата на претседателот Доналд Трамп по прогласувањето на пандемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски