Во САД повеќе од половина милион заразени од коронавирус, секојдневно нови 30.000

Од:

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина половина милион, иако постојат индиции дека тоа што Американците остануваат дома помага во борбата против инфекцијата.

Како што пренесуваат странските агенции, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во САД се зголемува секојдневно за 30.000 до 35.000 откако тестирањето стана подостапно.

Во текот на вчерашниот ден бројот на починати надмина 18.600.

Експертите за заразни болести предупредуваат дека е прерано да се ублажат мерките воведени за спречување на коронавирусот.

Економските експерти, пак, прогнозираат дека во април во САД без работа ќе останат повеќе од 20 милиони луѓе.

Тие изразуваат надеж дека економијата ќе почне повторно нормално да функционира во мај

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски