Руски медиуми: Полицијата во САД нападнала руски новинари што известувале од протест

Од:

Американската полиција нападнала руски новинари кои известувале од протестите во Портланд, во сојузната држава Орегон, пишуваат руските медиуми.

Новинарите снимале репортажа за безредијата во кои демонстрантите го опколиле локалниот суд. Околу зградата имало федерални сили за безбедност дојдени во градот наспроти вољата на властите во Орегон.

Настрадани се снимател на рускиот државен канал Русија 1, кој наводно го снимал обидот на протестантите да го запалат влезот во зградата на судот. Тој бил удрен по рака, му била одземена камерата, која потоа полицаецот наводно ја искршил од асфалтот.

Новинарката го снимала инцидентот со мобилен телефон, полицаец наводно дошол одзади и го одзел телефонот, ја фатил за глава и ѝ го симнал шлемот. Таа побарала помош од медицински волонтери откако вдишала солзавец.

Ова не е првпат руски новинари да настрадаат за време на протестите во САД, пишуваат руските медиуми.

На 31 мај во Минеаполис, новинар на РИА Новости се пожали дека бил нападнат со спреј-солзавец откако покажал новинарска легитимација., а слично поминале и американски новинари од ТВ каналот VICE кои биле во близина.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност