Во САД извршена првата смртна казна на федерално ниво по 17 години

Од:

Првата смртна казна на федерално ниво во САД по 17 години беше извршена денеска откако е егзекутиран човек осуден за тројно убиство, соопшти Министерството за правда.

Даниел Ли (47) беше егзекутиран со смртоносна инjекција во сојузен затвор во Индијана, се вели во соопштението. Во 1999 година, Даниел Ли беше прогласен за виновен за убиство на брачна двојка и нивната осумгодишна ќерка во Арканзас за време на грабеж. Според американските медиуми, семејствата на жртвите се спротивставиле на егзекуцијата, па затоа поднеле тужба за нејзино запирање, наведувајќи го високиот ризик од инфекција со коронавирусот.

Врховниот суд синоќа им даде зелено светло на федералните власти да ја извршат смртната казна, прва од 2003 година. Уште две егзекуции на федерално ниво се закажани за подоцна оваа недела, додека четвртата егзекуција е планирана за август. паг/ 2020-07-14 16:48:57, од Пандорка Арсовска-Гацова

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат