Во САД: Исчезна „невидлив“ воен авион, армијата ги моли граѓаните за помош

Од:

Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина откако пилотот се катапултираше.

Воените претставници ја повикуваат јавноста да им помогне да го пронајдат „невидливиот“ авион.

Потрагата е фокусирана на областите околу езерата Мотри и Марион северно до Северен Чарлстон каде што се наоѓа соодветната воена база.

Пилотот за време на несреќата безбедно се катапултирал и е во стабилна состојба во болница, пишува Гардијан.

Локалната конгресменка Ненси Мејс праша „како е можно да се изгуби Ф-35“.

„Дали нема уред за следење на авионот и сега бараме од граѓаните да го најдат?“, изјави таа на социјалните мрежи.

Во потрагата e вклучен и хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Пукање во Лас Вегас: Има мртви и ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 84-годишен Американец до смрт ја претепа сопругата откако се скарале за мачката

Горан Наумовски

Американски воен авион падна во океанот во близина на Јапонија, во него имало осум лиц

Четиригодишната Абигејл Едан, најмладата киднапирана американка е меѓу ослободените

Катерина Ѓуровски

Хамас денеска го ослободува првиот американски заложник

Во САД: Пукање во хотел, најмалку 20 повредени

Горан Наумовски