Во Русија се разгледува зголемување на старосната граница за купување алкохол

Од:

Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко побара зголемување на старосната граница од 18 на 21 година за набавка на алкохол бидејќи бројот на смртни случаи поради прекумерна конзумација на алкохолни пијалоци е зголемен уште од почетокот на пандемијата.

– Ако пратениците се подготвени за спроведување (на таа реформа), тогаш зошто да не!“, изјави министерот во парламентот, додавајќи дека „тоа веќе можеше да се стори“.

Министерот додаде дека се следи стапката на смртност и дека „за време на пандемијата, уделот на алкохол во стапката на смртност почна да се зголемува“.

Иако Русија има углед како земја во која се троши многу алкохол, во периодот од 2003 до 2016 година регистриран е пад за 40 проценти, според Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски