Во Русија приведени новинари од студентски весник, објавиле видео за репресијата врз Навални

Од:

Руската полиција денеска изврши претрес во редакција на студентски весник и ги приведе четворицата уредници кои направија видео за репресијата врз приврзаниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Извршен е претрес и во нивните станови.

„Во шест часот утрово беа извршени претреси во просториите на нашиот весник и становите на нашите новинари“, соопшти редакцијата на ДОКСА (DOXA). Весникот соопшти дека Армен Арамјан, Владимир Метјолкин, Наталија Тишкевич и Ала Гутникова биле задржани на распит од Истражниот комитет, по спроведените претреси.

Полицијата им ги одзела лаптопите и телефоните на новинарите, пишува списанието, додека Тишкевич рече дека полицијата и ја скршила вратата од станот.

Против нив се води постапка за „поттикнување на малолетници да учествуваат во опасни активности“, за што е предвидена казна затвор од три години, објави надлежниот московски суд на својата веб-страница.

Според Докси, ова е поврзано со видеото во кое се објаснува „зошто протерувањето студенти од универзитетите поради учество во акции за поддршка на Алексеј Навални е незаконско“. Редакцијата на Докса соопшти дека го избришала спорното видео на барање на властите.

„Во нашето видео нема повици за демонстрации, туку само рековме дека младите не треба да се плашат да го кажат своето мислење“, пишува весникот, осудувајќи го „невидениот“ притисок врз новинарите.

Основан во 2016 година, Докса е весник што им дава глас на студентите и универзитетските професори. Во 2019 година, весникот ги поддржа студентите против кои властите покренаа постапка по демонстрациите во Москва.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он