Во Русија одобрен новиот антивирусен лек „Коронавир“ за третман на Ковид-19

Од:

Руските власти одобрија нов антивирусен лек наречен „Коронавир“ кој ќе служи за третман на пациенти заразени со Ковид-19, објави руската фармацевтска компанија „Р-Фарм“, додека бројот на заразени лица во таа земја надмина 700.000.

Во соопштението на „Р-Фарм“, која го разви новиот лек, се вели дека станува збор за клиничко испитување, кое вклучувало благи до средно тешки случаи.

„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот САРС-КоВ-2, туку против самиот вирус“, наведува Р-Фарм.

Клиничката студија покажала подобрување кај 55 проценти од пациентите, кои не биле хоспитализирани, на седмиот ден од третманот со Коронавир, во споредба со 20 проценти од оние кои примале стандардна терапија. До петиот ден од третманот, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77,5 проценти од пациентите кои земале Коронавир, тврди руската фармацевтска компанија.

– Глобалната клиничка пракса и клиничката студија што ја спроведовме потврдија дека Коронавир многу побрзо ја запира инфекцијата на вирусот, изјави Михаил Самсонов, медицински директор на „Р-Фарм“.

Тестирањето започна кон крајот на мај, а досега повеќе од 110 пациенти биле третирани со тој лек, изјави директорката за клинички испитувања при рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија, Татјана Рјаженцова. Ова е трет лек регистриран во Русија за третман на новиот коронавирус. Првиот, Авифавир, се дава на пациенти од 11 јуни и е со помала ефикасност од Коронавир.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он