Во Русија објавен портокалов код на опасност поради активирање на вулканот Ебеко

Од:

Вулканот Ебеко што се наоѓа на северот од далекуисточниот Курилски остров, Парамушир, исфрли облак од пепел висок два километри височина, соопшти денеска Камчатската група за реагирање при вулкански ерупции (КВЕРТ), јави ТАСС.

Поради активностите на вулканот прогласен е портокалов код за опасност за воздушниот сообраќај, се вели во соопштението на КВЕРТ.

Според стандардите на Меѓународната организација за граѓанско воздухопловство (ИКАО), портокаловиот код означува висока опасност и е само степен подолу од највисокиот – црвен код.

Вулканот Ебеко се наоѓа во севертниот дел на островот Парамушир, на седум километри северозападно од градот Северокурилск.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска