Во Романија се урнаа Миг и воен хеликоптер, загинаа осум лица

Од:

Вкупно осум лица загинаа во одвоени несреќи на романски борбен авион МиГ 21 и воен хеликоптер, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.

Загинале пилотот на романскиот воен Миг 21 и седумчлен хеликоптерски екипаж испратен да го пронајде во мисија за пребарување и спасување, кога нивните летала се урнале во одделни несреќи доцна синоќа, соопшти Министерството.

МиГ бил во воздушна патрола кога исчезнал од радарите во источна Романија помеѓу селата Когеалац и Гура Доброгеи.

Пилотот на хеликоптерот IAR 330-Puma испратен да го пронајде пријавил неповолни временски услови и бил повикан назад во базата пред и тој да се урне, соопшти Министерството.

Романија, членка на Европската унија и НАТО, планира постепено да ги укине руските Миг и целосно да се префрли на американскиот Ф-16.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски