Во Романија од 1 јануари ќе се зголемат сите пензии за 12,5 проценти

Од:

Лидерите на владејачката коалиција во Романија синоќа најавија дека сите пензии од 1 јануари 2023 година ќе бидат зголемени за 12,5 отсто.

Претседателот на Социјалдемократската партија (СДП), Марсел Чолаку најави дека од 1 јануари сите пензии ќе бидат зголемени за 12,5 проценти, а исто така ќе продолжи и помошта за лицата кои примаат пензии под 3.000 леи (едно евро = 4,94 леи). Според него пензионерите кои земаат 1.000 леи ќе имаат помош од 1.500 леи, додека тие што добиваат пензија од 800 леи ќе добијат 2.000 леи, а тие со пензија од 600 леи ќе добијат помош од 3.000 леи.

– Оваа помош ќе биде поделена на две транши во текот на 2023 година, истакна Чолаку.

Тој додаде дека ќе биде доделена помош од 1.400 леи, поделени во две шестмесечни транши, за плаќање на сметките за енергија на пензионерите над 60 години кои имаат пензии помали од 2.000 леи.

– Покрај тоа, лицата со приходи до 1.700 леи ќе добиваат ваучери за храна во вредност од 250 леи еднаш на секои два месеци во текот на 2023 година. Предвидена е помош и за лицата со попреченост. Во исто време ќе се ажурира со нивото на инфлација додатокот за бранителите и вдовици, бенифиции што беа замрзнати од 2018 година, а зголемувањето е за околу 30 отсто. Од 1 јануари 2023 година државниот детски додаток ќе се индексира на ниво на инфлација, истакна Чолаку.

Најавата за планираните мерки ја потврди и премиерот Николае Чука, кој е лидер на Национал-либералната партија (НЛП).

– Периодот низ кој поминуваме е обележан со бројни кризи ширум светот и мораме да обезбедиме ублажување на ефектите предизвикани од високата инфлација, напиша Чука на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите