Во Романија најавија ограничувања за вода за пиење

Од:

Дел локални администрации ќе треба да наметнат ограничувања за користење на водата за пиење, затоа што многу се троши кога поединци со таа вода си ги полеваат градините, изјави романскиот министер за животна средина, води и шуми, Тањош Барна.Како што додаде министерот, кризен штаб на Владата ќе ги следи регионите засегнати од суша и ќе преземе дејствија во населените места каде има недостиг од питка вода.

– Има многу населени места, каде системите за снабдување со вода за пиење се изградени за нормална потрошувачка, без да се употребува питката вода за други цели: наводнување, индустриски потреби, базени, полевање на градината или на тревата. Особено во овој период треба да бидеме одговорни и да се грижиме за овој ресурс, истакна министерот.

– Колку и да ни е жал за доматите, водата за пиење и за домашни потреби е скапа, прочистена вода што поминала низ многу процеси на прочистување и филтрирање, затоа треба да ја користиме за тоа, за што ни е неопходна, нагласи министерот.

Тој информираше и дека на вчерашната владина седница го покренал прашањето за пожари во сува вегетација, па ги повика земјоделците да не потпалуваат земјоделски површини, бидејќи опасноста од појава на пожари е огромна.

– Ова е исклучително опасен период и не треба да паднеме на позицијата на Шпанија, Грција и на Франција. Нашите шуми се од различен тип, нема иста опасност од шумски пожари на многу големи површини, но, трагедии може да се случат, предупреди министерот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет