Во Рим уапсени 65 лица поврзани со мафија

Од:

Карабинерите во Рим приведоа 65 лица како дел од голема операција против мафијашката структура од Калабрија Ндрангета, јавија локалните медиуми.

Според обвинението, уапсените ја контролирале територијата на главниот град, вклучително и каналите за шверц на дрога. Италијанските медиуми информираат дека полициската операција сè уште не е завршена, а деталите и резултатите ќе бидат презентирани подоцна.

Италијанските безбедносни органи пред повеќе од 10 години открија дека криминалната организација, за која се сметаше дека традиционално е активна во јужните делови на земјата, долго време е активна во северна Италија, како и во различни европски земји.

Ндрангета се смета за најмоќната група во сенка која го контролира снабдувањето со дрога од Јужна Америка во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Италија уапсени припадници на неонацистичка „Дивизија Верволф“

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ