Во Рим уапсена Американка осомничена дека го запалила сопругот

Од:

Во Рим е уапсена Американка, за која се трагаше од 2002 година поради смртта на нејзиниот сопруг, чие тело толку беше изгорено, што беше идентификувано 13 години подоцна, соопшти денеска италијанската полиција.

Беверли Мекалум е уапсена откако пристигнала во мал хотел во Рим.

Италијанските хотели мораат да ги регистрираат гостите преку онлајн системот, кој е поврзан со полициската база на податоци.

Така е откриено дека по Мекалум е распишана меѓународна потерница.

Претходно, американските власти бараа од Пакистан да ја екстрадира Мекалум поради убиство на нејзиниот сопруг Роберт Карабаља.

Тој во 2002 година беше претепан и задушен, а неговото тело било спалено и фрлено во поле во западен Мичиген. Неговите посмртни останки се идентификувани дури во 2015 година, по анонимна дојава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама