Во Ричмонд, Вирџинија спречен оружен напад на прослава за 4 јули

Од:

Телефонски повик на загрижен граѓанин спречи реализација на вооружен напад на прославата за 4 јули во Ричмонд, Вирџинија, изјави синоќа на брифинг шефот на полицијата на главнит град на сојузната држава. На брифингот учествуваше и градоначалникот Левар Стоуни.

Според командирот Гералд Смит, херојот „информатор“ наслушнал разговор дека се подготвува стрелба за време на прославата во амфитеатарот „Догвуд дел“, и на 1 јули извршил повик до полицијата. Според Смит, амфитеатаорт собира 2.400 гледачи.

Веднаш по добиенoто известување полицијата отишла на назначената адреса каде било пронајдено оружје и муниција. Биле најдени две пушки, еден пиштол и 223 цилиндри муниција. Било уапсено едно лице додека полицијата почнала да следи второ. За двајцата е покренато обвинение за поседување оружје без државјанство на САД.

-Тие всушнст планираа напад на прослава за 4 јули. Знаеме за нивната намера но не го знаеме мотивот. Знаеме дека живееле на иста локација, шерифот изјави синоќа на брифингот.

Новоста од Ричмонд доаѓа само два дена откако на парада по повод 4 јули во Хајленд парк, Илиноис, лице пукаше во посетители на настанот при што беа повредени десетици а седуммина го изгубија животот.

Конгресот на САД неодамна изгласа регулатива за построга контрола и проверки при набавката, чувањето и ракувањето со оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски