Во регионот на Париз запленети околу пет тони канабис

Од:

Околу 4,8 тони канабис со потекло од Мароко се откриени во автомобил во регионот на Париз.

Операцијата ја спроведоа полицајците задолжени за борба против наркотици, кои покрај заплената на канабисот уапсија и седум лица. За нив постои сомневање дека се вмешани во увозот и приемот на забранетата стока. Сите тие се со потекло од парискиот регион и подолго време биле следени од Француската канцеларија за борба против наркотици во рамките на истрагата доверена на судија од Специјалната судска установа од Париз.

Според бројките соопштени од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, во 2019 година во Франција биле запленети над 95,4 тони канабис, за споредба со околу 100 тони во 2018. Во Франција се проценува дека се трошат годишно меѓу 370 и 580 тони на ова трева и нејзините деривати. Канабисот и понатаму е првата најтрошена дрога во Франција, со што таа е на првото место во Европа. Во Франција канабисот и понатаму е забранет.

На почетокот на годината беазапленети повеќе пратки на кокаин, а последната беше со потекло од Италија во соработка со италијанските власти во количина од 3,3 тони.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис