Во различни вооружени инциденти во Њујорк, загинаа најмалку 17 лица

Од:

Во различни инциденти во текот на вчерашниот ден во Њујорк беа застрелани најмалку 17 лица, смртен биланс што би е висок за викенд, но „астрономски“ за понеделник, објави Њујорк Пост.

Само во Бруклин се случиле 10 вооружени инциденти, во кои загинале 12 лица, на Менхетен се убиени две лица и по едно лице во три различни области на Њујорк, ја пренесува весникот изјавата на неименуван висок полициски службеник од Бруклин

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера одржа тркалезна маса на која истакна дека Њујорк е надвор од контрола. Според Трамп, стапката на криминал е во пораст, а вооружените напади во Њујорк се зголемени за 358 проценти.

– Тешко е да се поверува, но градската власт го прави тоа што го сака и испишува „Животите на црнците се важни“ пред кулата на Трамп. За жал Њујорк сега е надвор од контрола, изјави Трамп.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана