Во ракетен напад на сириските милитанти убиени 10 војници, Русите одговорија со воздушни напади

Од:

Во ракетен напад врз воен автобус во северозападна Сирија денеска загинаа 10 војници, а деветмина се ранети, објави државната новинска агенција САНА.

dobivaj vesti na viber

Автобусот бил погоден во реонот на Анџара западно од Алепо во утринските часови, јави САНА. Милитантите го нападнале возилото со противтенковска ракета, се додава, но не се наведуваат повеќе детали.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека опозициските борци го извршиле нападот и дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Сириската бунтовничка група Ахрар ал-Шам денеска објави видео на својот канал на Телеграм, на кое се гледа како ракета погодува автобус, а во описот се вели дека тоа е моментот на уништување на воен автобус на про-Асад милициите западно од Алепо.

Неколку часа по нападот, руски воени авиони извршија воздушни напади врз областите под контрола на бунтовниците на северозапад, објави Опсерваторијата, додавајќи дека засега нема информации за резултатите од воздушните напади.

Русија ги распореди своите воздушни сили во Сирија во 2015 година за да обезбеди поддршка за сириската влада.

Северозападна Сирија е последното големо упориште на бунтовниците кои се борат против владата во 11-годишната војна во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва ја поддржа одлуката на СПЦ да ја призне МПЦ

А1он

Вашингтон пост ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина

А1он

Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина

А1он

Русија го прекина извозот на струја за Финска

А1он

Русија и Украина се договорија за хуманитарен коридор за ранетите војници од Азовстал

А1он

Седуммина загинати во песочна бура што ги зафати Ирак и Сирија

А1он