Турската полиција уапси 50 лица во врска со нападот во Истанбул

Од:

Турската полиција уапси неколку осомничени во врска со бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, а неколку десетици беа ранети, со што бројот на приведени се искачи на 50, соопшти денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг, без да даде други детали.

Државната агенција Анадолија објави дека полицијата привела двајца браќа идентификувани како Амар Ј. и Ахмед Ј. Агенцијата посочи дека Амар Ј. наводно имал задача да и помогне на Ахлам Албашир, уапсената Сиријка осомничена за поставување на бомбата, да избега од Истанбул во соседна Грција по нападот, додека Ахмед Ј. наводно го возел другиот првоосомничен кој се уште е на слобода, во провинцијата Едрене во близина на границата со Бугарија.

Турските власти за нападот ја обвинија забранетата Курдска работничка партија (ПКК), како и групите на сириските Курди, кои тоа го негираа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Џелал Сенгор: Во Истанбул може да се случи земјотрес од незамисливи размери

Горан Наумовски

Турските разузнавачи го „неутрализираа“ организаторот на минатогодишниот бомбашки напад во Истанбул

Амбасадата на САД во Турција ги предупреди Американците на можни напади во Истанбул

Двајца загинати во пожар во станбен објект на Ерменската католичка црква во Истанбул

А1он

ВИДЕО: Прв лет на ново беспилотно летало на турска компанија, побарувачката нагло порасна

А1он