Во престрелка во Египет убиени 11 бунтовници

Од:

Египетските сили за безбедност убија 11 осомничени милитанти во престрелка за време на претрес на нивно засолниште во Ал Ариш, главен град на провинцијата Северен Синај, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Не е откриен идентитетот на убиените, ниту е прецизирано дали имало жртви меѓу припадниците на безбедносните сили.

Милитантите го користеле засолништето како база за извршување „непријателски операции“ и на самото место е пронајдено оружје и експлозив, се наведува во соопштението.

Египет од 2013 година се бори на Синај со бунтовниците предводени од Исламска држава, откако војската го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Оттогаш милитантите главно вршат напади врз безбедносните сили и припадници на христијанското малцинство.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски