Во пресрет на изборите, расте поддршката за германската СПД

Од:

Последната анкета, објавена денеска, покажува дека поддршката на гласачите за германските социјалдемократи (СПД) е на исто ниво со Зелените, и можно е популарниот кандидат на СПД за канцелар да раководи со трипартиска коалициска влада по изборите во Германија на 26 септември.

Според анкетата на „Инса“ спроведена од „Билд ам Зонтаг“, поддршката за СПД е 18 проценти, што по првпат во годинашната изборна кампања укажува дека трипартиската коалициска влада, предводена од левицата, може да освои мнозинство на изборите.

Имено, Зелените исто така имаат поддршка од 18 проценти, а Слободните демократи (ФДП) 12 проценти, покажа истражувањето. Заедно, тие би имале поддршка од 48 проценти од гласачите и мнозинство за „коалицијата семафор“, именувана по нивните бои (црвено-жолто-зелена).

Истражувањето, исто така, покажува дека поддршката за конзервативците предводени од канцеларката Ангела Меркел е 26 проценти. Десничарската АфД има 11 проценти поддршка, а левичарската Линке 7 проценти. Сите други партии имаат вкупно осум проценти поддршка.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски