Во последните 24 часа двојно повеќе починати од коронавирусот во Кина, сега се 17

Од:

Бројот на смртни случаи поврзани со новиот тип на коронавирус во Кина се зголеми на 17, речиси двојно повеќе во последните 24 часа, истакнаа денеска официјални лица од кинеската провинција Хубеи, јави ДПА.

Вирусот, што  предизвикува симптоми слични на пневмонија, беше откриен кон крајот на декември во главниот град на провинцијата Вухан.

Кинеските власти претходно регистрираа 470 заразени лица низ цела земја, изразувајќи загриженост дека оваа бројка може да се претвори во спирала во следните неколку дена, кога се очекува стотици илјади Кинези да патуваат од поголемите градови до семејни домови за прославата на кинеската Нова Година, додава германската агенција.

Случаи на заразени лица со коронаворусот се забележани и во Јапонија, Филипините, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД, како и на кинеските територии на Хонг Конг и Макао.

Светската здравствена организација се очекува вечерва во Женева да свика итен состанок за да оцени дали појавата веќе е итна здравствена состојба од меѓународен интерес.

Неколку земји ги зголемија контролите на границата со цел да се заштитат од ширењето на болеста.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски